Во срцето на Тиквешијата, каде што традицијата за одгледување грозје се пренесува повеќе од два милениуми, се создава еден од најавтентичните македонски производи – маџунот. Природен засладувач со лековити својства, некогаш неизоставен дел од секој дом, денес повторно го враќа своето место на трпезата благодарение на младите луѓе кои веруваат во вредноста на традицијата.
Ова е приказната за Ангела Јовановиќ од неготинското село Тимјаник – млада претприемачка која семејниот рецепт наследен од својата баба го преточува во успешен бренд „Неготински маџун“. Со многу љубов, посветеност и визија, Ангела создава 100 проценти природен производ и покажува дека старите рецепти можат да добијат нов живот и современ пазарен потенцијал.
Во интервјуто за Иновативност, таа зборува за предизвиците во развојот на агро-бизнисот, важноста на институционалната поддршка, пласманот на домашните производи и можностите традицијата и иновациите заедно да создаваат успешни македонски приказни.
Новинар – Верица Јорданова
Снимател – Синиша Илијески
Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility.





























