Во најновиот серијал видео-приказни на „Иновативност“ изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис, Локман Муслиу – основач и визионер на Lucky Media, компанија која од локална идеја прерасна во глобален бизнис со седиште во САД и клиенти ширум светот.
Од 2014 година до денес, бизнис развојот на Lucky Media е пример како со јасна визија, фокус и истрајност може да се изгради бренд што ја надминува географијата. Во ова видео-интервју зборуваме за почетоците – како се раѓа идеја од Македонија која денес оперира на глобално ниво, дали стартувањето бизнис од Македонија е предност или хендикеп, и колку е тешко да се гради компанија од средина со ограничен стартап екосистем.
Ќе слушнеме и за предрасудите со кои се соочува еден млад претприемач од Балканот, за предизвиците во домашната бизнис-клима, но и за тоа што всушност прави Lucky Media и како успеа да стане препознатлива на светскиот пазар.
Ќе дознаеме и како Локман ја гледа компанијата во следните пет години, дали успехот е можен без иселување, дали некогаш размислувал да се откаже – и што го задржало да продолжи. На крај, ќе слушнеме порака и совет до младите од Гостивар, Тетово, Битола, Штип што денес размислуваат да започне сопствен бизнис.
Останете со нас за искрен разговор за претприемништво, визија и глобален успех – започнат од Македонија, изграден за светот.
Новинар – Верица Јорданова
Снимател и монтажер- Синиша Илијески
Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility.





























