Од мал град до 8000 студенти! Како SMX Academy од Струмица успеа да се прошири и во Србија?

- Advertisement -

Во време кога многу бизниси се врзуваат за локација, ресурси и пазари, постојат приказни што го докажуваат спротивното. Дека за успех не секогаш е потребно да бидете во голем град – туку да го препознаете вистинскиот момент за промена. За време на глобалната неизвесност и корона кризата, еден млад претприемач од Струмица одлучи да не чека подобри услови – туку да создаде нови.

Глигор Ризов ја трансформираше SMX Academy од локална иницијатива во модерна онлајн едукативна платформа, фокусирана на дигитални вештини што денес се бараат насекаде во светот. Денес, илјадници луѓе од Македонија и регионот преку SMX прават реални чекори напред во својата кариера и одржуваат темпо со дигиталните технологии кои постојано се менуваат.

- Advertisement -

Но ова не е само приказна за раст на бизнис. Ова е приказна за храброст, за визија и за способност да се сврти насоката кога тоа е најпотребно.

Во продолжение, погледнете го разговорот снимен во Струмица со Глигор Ризов – за тоа како се гради локален бизнис со регионален потенцијал, и како дигиталниот свет ги руши географските граници.

- Advertisement -

Новинар – Верица Јорданова
Снимател – Синиша Илијевски

- Advertisement -