Samsung ги претстави новите Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus

- Advertisement -

Samsung ги претстави новите Galaxy S9 и S9 Plus телефони во Барселона. Samsung Galaxy S9 е основната верзија на новите супер телефони и има eкран од 5,8 инчи. Ќе работи на најновиот оперативен систем Android Oreo и кај него фокусот главно е ставен на новата камера која е дизајнирана да прави одлични фотографии при слаба или лоша светлина.

Сензорот за отпечатоци кај овој телефон е поместен под камерата. Телефонот ќе почне да се продава на 16 март годинава по почетна цена од 720 долари, а нарачките во претпродажба почнуваат на 2 март.

- Advertisement -

Годинава поголемото навистина е поубаво. Samsung Galaxy S9 Plusима поголем екран од 6,2 инчи и поголема батерија, но има и двојна задна камера која ја нема на помалиот S9. Се разбира, оваа подобра верзија на најновите телефони на Samsung ќе биде и поскапа – почетната цена е 840 долари.

Сподели!
- Advertisement -