Спортскиот гигант Asics во иднина ќе „пече“ патики во продавница

- Advertisement -
За да купите едни патики направени по ваша желба ќе треба да почекате неколку недели и месеци, но сега гигантот за спортска опрема Asics ќе ги прави таквите патики пред ваши очи. Од Asics велат дека во своите продавници наскоро ќе постави микробранови печки во кои ќе ги „пече“ ѓоновите на патиките за околу 15 секунди.Технологијата се уште се тестира, но од компанијата веќе имаат поставено видеа во кои се илустрира процесот. Кога ќе биде подготвена технологијата, клиентите ќе можат да ја изберат бојата на ѓонот на патиките. Ѓоновите се прават од материјал кој има форма на пелети, а потоа се топи во микробранова печка во соодветен калап. Бидејќи можете да ја бирате бојата на ѓонот, вашите патики секогаш ќе изгледаат уникатни.Технологијата ја разви тајванска фирма, која го има и патентот за процесот. Оттаму велат дека на овој начин се штеди повеќе енергија отколку традиционалното правење ѓонови, па така и оваа индустрија ќе стане поеколошка.

(Mashable)

 
Сподели!
- Advertisement -