Handcrafted:mk им дава шанса на занаетите да прераснат во сериозни бизниси!

- Advertisement -

Handcrafted:mk е платформа која постои веќе некое време во македонскиот онлајн простор и преку која дизајнери и занаетчии можат да ги пласираат своите уникатни производи со можност да станат бизнис.  Во тек е повик за учество во програма и повеќе за истата разговаравме со еден од основачите, Драган Христов

  • Што точно претставува handcrafted:mk?

Handcrafted:mk е катализаторска платформа за поддршка на нови дизајнерски бизниси што застапуваат некој занает. Платформата е создадена со поддршка од Министерството за економија со цел помош на македонските традиционални занаети. Годишно handcrafted:mk ќе понуди програма за нашите дизајнери да основаат сериозен мал бизнис или своето хоби да го надоградат во мал бизнис.

- Advertisement -
  • Oд каде произлезе идејата за ваква платформа? Кој стои позади истата?
Драган Христов

Идејата произлезе од мене Драган Христов (основач и сопственик на поранешната концептуалната продавница Лудус и истоимената етикета за безродова мода) и Бојана Стојменовска (основач на саемот за современа уметност Паратисима Скопје). Платформата ја основавме како посебна програма што ќе работи на подигање на квалитетот на македонскиот дизајн и негово изложување и застапување на интернационалниот пазар, манифестации, саеми и др.

  • Во тек е повик за пријавување. Што ќе се случува и какви програми спроведува handcrafted:mk?

Повикот за дизајнерите е отворен до 22-ри април и ги охрабруваме сите да се пријават и да ја искористат можнота што нашата платформа ја нуди. По изборот на 6-мина дизајнери, секому ќе биде назначен соодветен ментор (Александар Ношпал, моден дизјанери и костимограф, Лидија Георгиева – моден дизнајер и професор на ТМФ и Моника Лозановска – дизајнер на накит) што ќе го следи во создавањето на пилот-колекцијата. Учесниците ќе имаат можност интерактивно да ги поминат трите работилници (брендирање и маркетинг, бизнис план и пристап до финансии за нови брендови). По изработката на првата колекција ќе бидат дел од групната изложба „handcrafted:mk 2018“ кон крајот на летото.

- Advertisement -

  • Каков е потенцијалот на македонскиот пазар за бизниси за рачни изработки? Сакаат ли Македонците да купуваат рачни изработки? Кој пазар го таргетирате?

Покрај нашиот, пазарот на кој целиме е странскиот, како изложбено така и продажно. Сметаме дека главниот елемент на препознатливост на македонскиот дизајнерски производ е рачната изработка и како адут на македонската дизајнерска сила ќе му дадеме посебен фокус преку нашата платформа. Огрoмното богатство на занаетчиските техники, употребени во целост или делумно, може да резултира во сосема современ производ што ќе биде конкурентен токму поради лимитираниот тираж и уникатноста, како и цената и оригиналноста.

- Advertisement -
  • Постои ли можност за онлајн продажби и планови за пласирање на производите преку платформата на странски пазари?

Секако дека постои, но пронаоѓањето на соодветниот пазар и купувачи е една од најтешките фази во градењето на бизнисот. За среќа ги имаме нашите ментори кои несебично ќе помогнат во комплетната комерцијална реализација на проектот handcrafted:mk.

Сподели!
- Advertisement -