#ИновативностАнализа: Kако градовите се борат против климатските промени и загадувањето?

- Advertisement -

Климатските промени се закана за градовите ширум светот. Државите се обврзаа со Парискиот договор да преземат мерки на национално ниво кои вклучуваат намалување на емисиите на јаглерод диоксид, воведување фондови и инвестиции во обновлива енергија…

Сведоци сме и на низа мерки кои градовите низ светот ги имплементираат на локално ниво. Еве неколку начини како градовите се справуваат со новонастанатите ситуации од климатските промени и градското загадување.

Градење ефикасни згради 

- Advertisement -

Зградите се значителен извор на стакленички гасови во градовите поради енергијата која им е потребна за тие да функционираат. Затоа ширум светот градовите инвестираат во воведување на мерки за енергетска ефикасност со цел да ги направат зградите поодржливи.

На пример, имплементирањето на паметни системи за греење и ладење им овозможува на зградите да ја адаптираат температурите во зависност од тоа колку луѓе се наоѓаат во зградата во моментот и врз основа на други параметри, со краен ефект намалување на потрошувачката на енергија.

- Advertisement -

Инсталирањето на соларни панели врз надворешноста на зградата е уште еден начин како да се намали потребата од енергија. Други начини кои придонесуваат кон намалено конзумирање на енергија е подобрување на изолацијата на прозорците и поставување LED сијалици во зградите.

Кина е најверојатно лидер кога се работи за енергетска ефикасност на згради, со национална стратегија да ги направи половина од зградите во државата еколошко ефикасни до 2030 година.

- Advertisement -

Надминување на потребата од автомобили

Транспортот е еден од најголемите загадувачи на околината. Најголеми “виновници“ за тоа се камионите и автомобилите кои секојдневно го загадуваат воздухот. Градовите како Париз и Њу Делхи постепено ги елиминираат штетните автомобили со мерки за поттинување на користење електрични автомобили, велосипеди или масовен јавен превоз.

На пример, Копенхаген создаде автопат наменет исклучиво за велосипеди и со тоа ја намали количината на штетни гасови и загадување кое доаѓа од автомобилите. Барселона пак создаде зони каде е забрането користење на автомобили, со намера да ги прошири овие зони низ целото централно подрачје на градот.

Подобрување на јавниот градски превоз

Системите за јавен превоз се уште еден начин како градовите се обидуваат да ги амортизираат ефектите од штетните гасови од автомобилите. Преку инвестирање во експресни железници, мрежа на електрични автобуси и модернизирани метроа, градовите не само што ќе ја подобрат ефикасноста туку и ќе го намалат загадувањето.

Во Етиопија на пример, започна да работи првиот систем на електрични возови кој ги поврзува големите градови во Африка. Во Европа пак, дваесет и пет града веќе ги имаат презентирано плановите за вакви мрежи на електрични возови до 2020 година.

Одржливи кровови

Како што се прошируваат градовите, природните зелени површини се намалуваат на сметка на бетон, асфалт, челик и стакло. Оваа транзиција од природа кон градба го создаде т.н. ефект на урбан топлински остров. Зградите, улиците и другите објекти апсорбираат и зрачат многу енергија поради што градовите стануваат се потоплии и се троши се повеќе енергија за нино ладење.

Еден начин како градовите се борат со овој проблем е поставување на зелени кровови на зградите. На крововите се повеќе се градат урбани градини со повеќе зеленило кое ги лади зградите. Уште подобро решение се соларни кровови, кои освен што ги ладат зградите, создаваат енергија која после станарите можат да ја користат.

Проширување на зелените површини

Слично на зелените кровови, насадување на дрвја низ соседствата и проширување на парковите исто така го намалува затоплувањето во урбаните средини, го прочистува воздухот и ги апсорбира стакленичките гасови.

Сингапур, кој е еден од најгусто населените градови во светот, има модел за урбано планирање кој е уникатен со својата цел да ги намал ефектите од стакленичките гасови. Градот создаде урбана градина која е како градски бели дробови и посади 3 милиони дрва ширум градот.

Градовите во латинска Америка пак имаат најмногу зеленило по глава на жител, а Ванкувер донесе одлука дека секој жител на градот мора да живее на петминутна оддалеченост од парк.

Трансформирање на глобалната енергетска мрежа

Градовите низ светот се одговорни за 75% од глобалната потрошувачка на енергија, а во нив живеат 55% од светската популација.

Иницијативи како градење на комунална соларна мрежа и мрежа на ветерни фарми ќе им овозможат на градовите целосно да ги заобиколат традиционалните енергетски системи користејќи локално произведена енергија.

Покрај тоа, градовите можат да лобираат кај владите за тие да инвестираат во големи проекти за обновлива енергија. Многу градови во САД веќе се обврзаа дека 100% од потребната енергија ќе им доаѓа од обновливи извори до крајот на 2050 година.

Забрана на пластика

Во периодот од 1950 до 2015 година, биле произведени вкупно 8,3 милијарда тони пластика што е еднакво на масата на 1 милијарда слона. Најголемиот дел од оваа пластика не е рециклирана, што значи дека се уште е во депониите, океаните, зелените површини и на други места каде ги загадува екосистемите, ги повредува животните и ја загадува водата која ја пиеме.

На многу места веќе се имплементираат забрани за користење на пластика, голем дел од нив иницирани од градските власти. Од Сиетл, Лондон до Њу Делхи, иницијатите за забрана на пластика добиваат повеќе и повеќе поддршка од граѓаните, со крајна цел да се постигне забрана на национално ниво.

Модернизирање на справувањето со отпад

Поради густата населеност и силната економска активност, градовите произведуваат најголемот дел од отпадот во светот и најчесто не успеваат да се справат со истиот. Њујорк на пример, го праќа својот отпад во Кина, Каиро има сопствен град за ѓубре, а државата Либан пред одреден период беше пред криза поради огромната количина на ѓубре.

Отпадот е исто така голем извор на стакленички гасови. Но некои од градовите ширум светот сепак наоѓаат решенија за овој проблем.

Сонгдо, град во Јужна Кореја, имплементираше автоматски подземен систем за селектирање на отпад и наместо камионите да кружат низ градот и да собираат ѓубре, при тоа испуштајќи огромна количина на штетни гасови, ѓубрето на секој дом го собираат автоматски цевки каде понатаму истото се селектира, рециклира или согорува за енергија.

Форталеза во Бразил пак, инвестираше во системи кои собираат јаглерод диоксид од отпадот за да го спречат испуштање на метан од скапувањето на органскиот отпад на депониите кој оди во атмосферата.

Њујорк од друга страна пак, соочен со својот сериозен проблем со справувањето со отпадот, се обврза да испраќа нула отпад на депониите до 2030 година.

Сподели!
- Advertisement -