14 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

Научници ќе копаат дупки длабоки повеќе од 200 метри во потрага по „детергент“ кој го чисти воздухот од штетните гасови

Kabtel desktop

Истражувачи на Антарктикот ќе копаат дупки длабоки 250 метри во мразот за да најдат мисериозен „детергент“, кој ќе го исчисти воздухот од штетните стакленички гасови. Десетмина научници кои ќе живеат во привремена „ледена лабораторија“ во текот на три месеци во 2019 година ќе бидат дел од првата ваква мисија во светот. Истражувачите ќе копаат дупки во мразот за да го измерат пред-индустриското атмосферско ниво на хидроксил, нешто што го нема направено никој претходно.

Тие веруваат дека овој природен „атмосферски детергент“ може да го исчисти воздухот од штетните гасови. Иако најголем дел од стакленичките гасови претставува јаглерод диоксидот, има повеќе од 40 други гасови кои придонесуваат за климатските промени и за уништвување на озонската обвивка.

Проектот го предводи организацијата Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation (CSIRO), која сака да го разбере природниот процес со кој се отстрануваат другите гасови кои предизвикуваат климатски промени. На чело на проектот наречен „Law Dome Hydroxyl“ е атмосферскиот научник д-р Дејвид Етериџ и д-р Вас Петренко од Универзитетот Рочестер во САС.

Хидроксилот се наоѓа во природата, а станува збор за високо реактивна молекула која игра битна улога во атмосферата како природен прочистувач на воздухот така што ги уништува стакленичките гасови како метанот и индустриските хемикалии кои ја уништуваат озонската обвивка. Но, луѓето уште не знаат колкава количина од штетните гасови отстранува хидроксилот, што е основно за да може да се предвидат нивоата на гасови кои влјаат врз климатските промени и озонската обвивка во иднина.

Местото Ло Доум е најдоброто место на планетата за да се земат примероци од „стариот воздух“ за овој проект затоа што огромната количина снег го заловува воздухот и го чува во непроменета состојба со децении. Сепак, проектот е огромен предизвик затоа што научниците ќе можат да земат минијатурни примероци за анализа.

„Стотици килограми стопен мраз ќе испуштат околу 30 литри воздух, но секој приемрок ќе содржи само незначителна количина од молекулите кои треба да ги детектираме и да ги измериме. Тоа е исто како да бараш неколку конкретни зрнца песок во трилиони на една песочна плажа“ велат научниците.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •