Сите сме биле во ситуација да стоејќи покрај апаратот за кафе или чекајќи сите да се приклучат на Zoom, некој вели „Здраво“, а вашиот мозок е празeн. Дури и професионалните говорници и лидери честопати се изненадени од едноставен, неформален поздрав.
Иако може да изгледа безначajнo, муабетењето е всушност загревање пред вистински тренинг за вмрежување. Како и секое загревање, оди многу полесно кога знаете неколку од вистинските потези. Еве три едноставни начини да избегнете непријатна тишина без да мора да бидете природно харизматични.
1.Забележете го детаљите и дајте специфичен комплимент
Општото ласкање како, на пример, „Презентацијата беше одлична“, звучи како генерички коментари на LinkedIn. Тие се учтиви, но брзо се забораваат. Трикот е да бидете конкретни.
Наместо генерализирање, фокусирајте се на нешто опипливо: „Вашиот аргумент за одложување на лансирањето на проектот беше одличен. Како стигнавте до таа временска рамка?“ или дури „Тој планер изгледа навистина организиран. Од каде го најдовте?“.Кога ќе го забележите детаљот, испраќате порака дека сте навистина присутни и обрнувате внимание на лицето со кое разговарате.
2.Поставете добро смислени прашања
Повеќето неформални разговори умираат затоа што прашањата немаат доволна тежина за да го задржат вниманието. Кога ќе прашате „Како беше состанокот?“, одговорот обично е „Добро“. И тоа е тоа.
Наместо „Како беше состанокот?“, прашајте: „Што ве изненади најмногу на тој состанок?“
Наместо „Како ви беше неделата?“, обидете се: „На што работите во моментов што ви се чинеше навистина интересно?“
Овие прашања се покана да раскажете приказна, а луѓето речиси секогаш имаат приказна што би сакале да ја споделат, само им треба вистинската причина.
3. Фрлете „мамка за разговор“
Ова е техника што најчесто ја учат врвни тренери за извршни директори. Наместо на прашањето „Како ви беше викендот?“ да одговорете кратко со „Беше одлично“, понудете информации што другата страна може да ги искористи.
Пример: „Беше одлично. Мојот син се обиде да направи појадок за прв пат, а јајцата беа премногу слатки и малку изгорени, но гестот беше феноменален.“
Сега вашиот соговорник има опции: може да ве праша за децата, да ги признае сопствените катастрофи во кујната или да сподели слична анегдота. Вие завршивте половина од работата и го намаливте притисокот врз другата страна да смисли нова тема.
Поентата е дека муабетот не мора да биде длабок или болен. Само мора да биде малку поспецифичен.
(CNBC Make It/Bizlife)
(фото: Pexels)




























