7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Компаниите бараат заедничко царинење на стоките со Албанија и со Србија

Kabtel desktop

Компаниите при Стопанска комора на Македонија (СКМ) бараат заедничко царинење на стоките помеѓу нашата држава со Албанија и со Србија и предлагаат истото да почне од 1 октомври. 

Според мониторингот направен од страна на СКМ на граничните премини Табановце и Ќафасан, најмногу задржувања на превозниците има кога треба да се прави фитосанитарна контрола (околу три часа) и ветеринарна контрола (еден ден).

Компаниите бараат да се потпишат билатерални договори меѓу институциите на Македонија, Србија и со Албанија за што поитно да почнат заедничките контроли на посочените гранични премини. Спроведувањето на заедничка контрола од страна на органите од двете држави ќе овозможи на едно место во исто време, на заедничка локација со помалку ресурси на државните администрации, преку едно застанување на стоките, побрзо да поминуваат на граничните премини, изјави Анета Трајковска, оперативна директорка на Стопанска комора.

Проблем за превозниците е што фитосанитарната и ветеринарната контрола во Србија не работат за викенд, кај нас работното време е од 7 до 19 часот, а на Ќафасан нема постојано лице за овој вид на контрола, при што е потребна претходна најава.

Според мониторингот на Светска банка, превозниците губат 80 отсто од своето време чекајќи на граница, а 20 проценти движејќи се по патиштата. Долгото чекање на граница ја намалуваат вредноста на стоките до еден процент, а кај земјоделските производи и до седум проценти.

Транспортните трошоци влегуваат во цената на чинење на производите што исто така влијае врз конкурентноста и извозот.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!