Финска е најсреќната земја во светот, а тоа е така поради уникатниот начин на живот на Финците. Финците велат дека хармонијата со природата и со самите себеси е тајната на среќниот живот.
Тие плаќаат високи даноци за ефективна мрежа на социјално осигурување, и веруваат на нивната влада, живеат во слободно општество и се грижат едни за други.
Еве кои се другите седум најсреќни земји во светот. На второ место е Данска. Данците имаат најдобар баланс меѓу приватниот живот и работата и пократки работни недели.
На трето место е Норвешка. Тоа е најбогатата земја во светот според Светска банка. Исланд е на четврто место. Оваа земја има најмал јаз меѓу половите и е прогласена за најдобра земја за жените.
На петто место е Холандија. Холандските деца и тинејџери се најсреќните во светот. Швајцарија е шестата најсреќна земја во светот и воедно една од најздравите нации во светот.
Седмата позиција ја зазеде Шведска. Швеѓаните ја имаат таа слобода да земат отсуство од работа за да се школуваат, да се грижат за деца, па дури и за да основаат стартап.
Социјалната поддршка и добрата здравствена заштита се најчестите фактори за рангирање на земјите на листата со најсреќни во светот, како и слободата да прават сопствени избори во животот. Рангирањето се базира на шест променливи: приходи, слобода, доверба, животен век, социјална поддршка, дарежливост.
Finland is the happiest country in the world
So what's their secret? 📕 Read more: https://wef.ch/2ulOGUB
Posted by World Economic Forum on Четврток, 06 јуни 2019