0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Дигитална деменција – последица на најмодерната „болест“ на денешницата

Kabtel desktop

Поради мобилните телефони повеќе не мора да го навиваме будилникот пред спиење, не потсетуваат на родендените на најбитните луѓе во нашите живот, кога треба да го сервисираме автомобилот, кои се нашите плодни денови итн. Но, кои се последиците од претераното потпирање на мобилните телефони. Нашите паметни телефони, всушност, ни го одземаат паметот и доведуваат до симптоми слични на една од најстрашните болести на денешницата. Додека прстите вртат по екраните на телефонот, се излачува допамин и ендорфин, па мозокот е како на дрога.

Ако на еден глушец му ставите електрода во тоа подрачје и му дадете прилика да го притиска копчето кое го стимулира тој дел, тој ќе го притиска цело време додека не се усмрти самиот себе. Тоа е толку силен механизам што глушецот не сака да работи ништо друго.

За децата не постојат повозбудливи и попримамливи места од екранот на телефонот. Тоа не е мит ниту паушална оценка. Тоа е научно докажан факт. Мозокот е природно привлечен од таквите работи кои брзо се случуваат, брзо се менуваат и може за кратко време да собере многу информации.

Родителите не знаат дека децата стануваат ноќе додека тие спијат и работат на телефон до 2 часот наутро. Наутро тешко стануваат за на училиште, а родителите не знаат што се случило. Мора да сфатиме дека ова е како дрога и мора да бидеме внимателни, предупредуваат експертите.

Само во еден ден просечниот ученик прима и обработува повеќе информации отколку што просечниот човек кој живеел во 15 век примал во текот на целиот свој живот. Пред девет години на Универзитетот Харвард е спроведено истражѕвање чи резултати се загрижувачки. Утврдено е дека далбоки делови од мозокот кај тинејџерите се атрофирани, односно смалени. Тие делови се викаат базални ганглии, односно служат како антени кои мора да ги примат сите информации, да ги обработат и да ги проследат понатаму. Ако антените се намалени, не можат да обработуваат толку информации. Тоа е доживотно намалување на конгитивните способности.

Докторите посочуваат дека денешниот просечен ученик може да се опише како дете кое не може да седи, не може да пишува, не може да чита, не може да пресметува, нема концентрација. Тоа е дете кое не може да учи. Денес децата во однос на децата пред 40 години разликуваат 50% помалку нијанси на бои. Можеме слободно да речеме дека денес човештвото когнитивно пропаѓа затоа што премногу сме зависни од мобилните телефони.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •