Втора година по ред осумгодишно момче е најплатената ѕвезда на YouTube

- Advertisement -

Американскиот бизнис магазин Forbеs состави листа со десетте најплатени ѕвезди на YouTube за 2019 година, а осумгодишниот Рајан Кајл втора година по ред е на првото место на листата. Кајл го стартувал својот канал Ryan’s World кога имал само три години, кога почнал да отпакува подароци и играчки и сето тоа да го снима со камера.

Со тек на време сето тоа прераснува во мини научни експерименти кои исто така ги снима со камера, за кратко потоа да потпише договор со компаниите Nickelodeon и Hulu. Годинава Рајан заработил 26 милиони долари.

- Advertisement -

На второ место од јутјуберите е Џуд Перфект, кој годинава заработил 20 милиони долари. Видеата за овој канал ги снимаат пријателите Коби Котон, Кори Котон, Герет Хилберт, Коди Џоунс и Тајлер Тоуни, кои играат разни спортови и рушат Гинисови рекорди.

Петгодишната Анастасија Раѕинскаја е на трето место со заработени 18 милиони долари и неколку договори зо различни компании. Каналот за совети за шминкање кој го води Џефри Стар годинава заработил 17 милиони долари и се најде на петто место на листата, додека веднаш зад него е Престон Арсмент си 14 милиони долари заработка и канал на кој се прикажува играње различни игри.

- Advertisement -

ПјуДиПај некогаш беше најплатениот јутјубер, а сега се најде на седмо место на листата со 13 милиони долари заработка. Но, голема е веројатноста дека идната година нема ни да биде на оваа листа затоа што претходно овој месец најави дека привремено ќе го напушти YouTube за да се одмори. Тој го дели седмото место со Маркипјер, кој исто така заработил 13 милиони долари. Деветтото и десеттото место ги заземаат DanTDM (12 милиони долари) и Ванос Гејминг (11,5 милиони долари).

Сподели!
- Advertisement -