Научниците ја решија мистеријата на непријатниот мирис при потењето – во иднина може да имаме поефикасни дезодоранси

- Advertisement -

Научници го открија мистериозниот механизам кој се крие зад способноста на пазувите да произведуваат непријатен мирис. Истражувачи на Универзитетот Јорк открија дека изворот на непријатниот мирис е ензим на одредени микроби кои живеат во пазувите.

За да докажат дека ензимот е хемискиот виновник, научниците го префрлиле на друг член од семејството од микробите кои живеат во пазувите и на нивно задоволство, и тие микроби почнале да испуштаат лош мирис.

- Advertisement -

Ова откритие ќе помогне да се направат поефикасни дезодоранси и антиперспиранти. Научниците велат дека можно е луѓето да ги наследиле тие микроби од нашите предци примати.

„Откривме како се произведува непријатниот мирис. Она што сега сакаме да го разбереме е како се создава“ вели професорот Гевин Тимас, микробиолог.

- Advertisement -

Непријатните мириси, познати како тиоалкохоли, се ослободуваат како нуспроизвод кога миркобите се хранат со некои состојки кои ги наоѓаат на кожата. Тимот од Јорк претходно открил дека повеќето од микробите на кожата не можат да произведуваат тиоалкохоли, но понатамошните тестирања откриле дека еден вид микроби кои живеат во пазувите, стафилококус хоминис, се главни причинители на непријатниот мирис.

Луѓето имаат два вида потни жлезди на пазувите. Екрините жлезди го покриваат целото тело и се отвораат директно на кожата. Тие се неизоставен дел од системот за ладење на телото. Апокрините жлезди, пак, се отвораат во фоликулите на влакната и се поставени на одредени места како пазувите, брадавиците и гениталиите. Нивната улога не е толку јасна.

- Advertisement -

Студијата на научниците од Универзитетот Јорк е објавена во весникот Scientific Reports.

(The Guardian)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -