Илон Маск стана четвртата најбогата личност во светот

- Advertisement -

Илон Маск стана четвртата најбогата личност во светот, со богатство од дури 90 милијарди долари. Во понеделникот акциите на Tesla скокнаа за повеќе од 11%, сто тоа зголемувајќи ја нето-вредноста на технолошката компанија за речиси 8 милијарди долари.

На индексот на милијардери на Bloomberg по нето-вредноста на богатството од 90,3 милијарди долари пред Илон Маск се наоѓаат само извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг; сосновачот на Microsoft, Бил Гејтс и извршниот директор на Amazon.

- Advertisement -

Голем дел од нето-вредноста на Маск е врзан за производителот на електрични автомобили Tesla, чии акции годинава ја покачија вредноста за друи 300%. Производителот на автомобили остана профитабилен во последните два квартали и покрај влијанието на корона вирусот и глобалната криза. Имено, Tesla продаде повеќе од 179.000 автомобили во текот на првата половина од годинава.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -