21.3 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Поради глобалното затоплување побарувачката за клима уреди ќе се зголеми повеќе од двојно

Анализата која ја спроведе Climate Central покажа дека побарувачката за клима уреди во САД ќе порасне за 59% до 2050 година. Според студијата, има постојан пораст на побарувачката за клима уреди во САД и во други делови од светот поради глобалното затоплување. Студијата покажува дека континуираната емисија на стакленички гасови води до непредвидливи временски услови во повеќето региони во светот. Така, пределите кои традиционално биле поладни сега се загреваат, а тие што веќе биле топли стануваат уште потопли. Тие промени принудуваат се повеќе луѓе да користат клима уреди.

Студијата била базирана на податоци собрани од 242 американски градови. Податоците ја следат употребата на клима уреди преку разликата меѓу прифатливата температура за удобен живот на човекот и просечната дневна температура. Човечкото тело може да се чувствува удобно на температура од околу 19 степени Целзиусови, а се над и под таа температура може да предизвика проблеми и потреба за клима уреди.

Аналитичарите кои ја спровеле студијата откриле дека 96% од американските градови забележуваа големо покачување на разликата меѓу идеалната дневна температура и фактичките температури во периодот од 1970 до 2019 година. Некои од државите каде што тоа е најзабележително се Тексас, Невада и Аризона.

Повисоките температури принудуваат се повеќе луѓе да купуваат клима уреди. Денес многумина користат некој вид на уред за контролирање на температурата во домот или во канцеларијата. Шон Сублете, метеоролог од Climate Central, вели дека просечниот човек користи клима уред за да се справи со температурните промени без да размислува за климатските промени, ситуација која, иронично, се повеќе се влошува со употребата на клима уредите.

„Кога клима уредите трошат електрична енергија добиена од фосилни горива, се ослободува јаглерод диоксид преку топлината. Клима уредите емитуваат топлина надвор и придонесуваат за ефектот на стаклена градина во урбаните средини. Ако, пак, старите клима уреди не се фрлат каде што треба, може да испуштаат хемикалии кои исто така се штетни гасови”, објаснуваат од Climate Central.

(Inhabitat, Climate Central)

(фото: Pikrepo)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •