Британски епидемиолог тврди дека карантинот поради пандемијата на корона вирусот бил монументална грешка

- Advertisement -

Бројот на заразени луѓе со корона вирусот во светот и понатаму незапирливо расте, а многумина предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа оваа есен и зима. Сепак, се чини дека повеќе не треба да очекуваме сценарио како од почетокот на годинава, кога многу држави прогласија вонредна состојба и воведоа карантин. Стопирањето на економските и социјалните активности, пак, си го направи своето во поглед на стопирањето на ширењето на заразата додека траеше карантинот, но се покажа дека сме ја добиле битката, но не и војната.

Додека ширењето беше привремено стопирано, последиците од карантинот врз економиите – отказите, намалените плати, влошената здравствена ситуација, па дури и милионите умрени луѓе – ќе траат со години.

- Advertisement -

Еден од луѓето кои заговараа карантин беше и Марк Вулхаус, професор по епидемиологија на Универзитетот Единбург, кој е и еден од советниците на британската влада за пандемијата на вирусот. Тој тогаш карантинот го сметаше за краткорочно итно решение. Она што од стартот беше јасно е дека кога ќе почне напуштањето на мерките, ќе почне ново ширење на вирусот. Проблемот е тоа што во изминатите месеци не е пронајдена никаква алтернатива за карантинот и многу експерти велат дека останува само да се чека развојот на вакцина за корона вирусот. Сепак, тоа е надеж, а не стратегија.

Вулхаус смета дека сега мора да најдеме алтернтива за карантинот. Имено, тој денес има сосема поинакво мислење за она што се случуваше во март. „Верувам дека историјата ќе покаже дека нашиот обид да го контролираме КОВИД-19 преку карантин беше монументална глобална грешка, лек кој е полош од самата болест. Повеќе никогаш не сакам да видам такво заклучување на национално ниво затоа што претходниот карантин беше само одложување на степенот на ширење на епидемијата на кој сме сведоци сега, а особено никогаш не требаше да се вратриме во позиција во која децата не можат да си играат или да одат во училиште“ вели Вулхаус.

- Advertisement -

Тој денес смета дека колатералната штета која ја направиле карантинот и стопирањето на сите нормални активности врз образованието, здравството и пошироките апсекти на економијата и општеството ќе биде најмалку исто толку сериозна колку штетата која КОВИД-19 ја нанесува на луѓето.Затоа при носењето одлуки за други мерки треба да учествуваат експерти од разни дисциплини, не само епидемиолози и претставници на здравствени институции, туку и од образованието, од економијата, психологијата и други.

Што се однесува на соживотот со вирусот, односно борбата против короната, Вулхаус нагласува неколку мерки кои треба да бидат ефикасни. Прво, треба да се фокусираме на местата каде што ризикот е најголем, како старечките домови и заштитата на старите луѓе. Училиштата секако треба да се отворат, вели Вулхаус, но треба да имаме на ум дека сигурно ќе се појават жаришта. Во тој счулај не треба да паничиме, туку да ги преземеме сите мерки за да се смират тие жаришта. Како единствено долгорочно решение го гледа тестирањето на болеста кое веќе се покажа ефикасно во светот на спортот.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr, Express.co.uk)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -