За да ја поттикне продажбата на iPhone 12 mini, за кој велат дека е најмалиот 5G телефон во светот, Apple се сврте кон TikTok инфлуенсерите. Имено, инфлуенсерите добиваат пари за правење и промовирање кратки видеа на кои се рекламира малиот iPhone 12 со 5,4-инчен AMOLED екран. Благодарение на инфлуенсерите профилот на Apple на TikTok, кој во април годинава имаше само 1.312 следбеници, сега има 366.500 претплатници, а 4 видео филмови кои беа направени на платформата собраа 1,3 милиони прегледи.
Сите тие филмови се базираат на истиот заплет – некој има можност чудесно да ги намалува предметите, а главниот успех му е намалувањето на iPhone 12 во iPhone 12 mini.
И двата модели имаа процесор 5nm A14 Bionic SoC, а освен големината на екранот. разликата меѓу нив е во тоа што iPhone 12 има 6 GB RAM меморија, а iPhone 12 mini има 4 GB, како и во камерата затоа што моделот mini има двојна камера, додека iPhone има тројна камера Wide, Ultra-wide, Telescopic.
Со повеќе од 800 милиони активни корисници ширум светот, ТikTok стана главен промотивен канал за Apple.
(Vidi.hr)
(фото: Pikist)