0 C
Skopje
петок, јануари 15, 2021

СКСЗМ ги избра 100-те најуспешни компании, првонаградена е „Даути Комерц“

Kabtel desktop

За изборот на овие водечки компании, пресудни се неколку индикатори, како што се годишниот приход кој го прикажуваат, нето-добивката, бројот на вработени, инвестициите и повратот на капитал, со што истите се издвојуваат од останатите од каталогот.

Првата награда и припадна на компанијата Даути Комерц, втората награда на компанијата Алма-М, третата награда на компанијата Пофикс, четвртата награда на компанијата Бас Тути Фрути и петтата награда на Киппер. Компанијата АК-ИНВЕСТ ја освои наградата за најбрзо растечка компанија, Едукативниот центар РЕА ја освои наградата за компанија предводена од жена, а компанијата Кнауф Радика ја освои наградата за компанија со успешно партнерство.

Наградите ги доделија претставници на Стопанската Комора на северозападна Македонија, односно Неби Хоџа, Мендерес Кучи, Трим Ќемали и Влора Адеми, како и претставници од Владата на Република Северна Македонија, премиерот Зоран Заев, Талат Џафери и Крешник Бектеши. Една од наградите беше доделена од страна на гостин, односно гНиколин Јака од Стопанската Комора на Тирана.

Претседателот на СКСЗМ рече дека помина една деценија откако овој настан почна да се организира, при што како Комората така и нејзините членови постојано растеа, а ТОП 100 доби друга димензија како моќен бренд на СКСЗМ, кој самите членови го создадоа, воспоставија и развија во текот на 15-годишното патување на Комората.

“Горди сме на фактот дека станавме синоним за подадена рака и чадор за сместување на бизниси. Ги поддржуваме државните институции во нивните напори за трансформација и унапредување на развојните политики во земјата, особено придонесувајќи за создавање на подобра деловна клима во земјата“, рече тој.

Истовремено изрази сочувство за загубата на Енвер Малиќи, еден од најголемите основачи и поддржувачи на Комората, симбол за успешен претприемач и дарежлив филантроп.

Јубилејниот 10-ти настан за презентација на каталогот Топ100 беше од затворен карактер, поради почитување на сите мерки и препораки, истиот беше и организиран согласно истите, а преносот од настанот се одвиваше во живо преку социјалните мрежи, на три различни јазици – македонски, албански и англиски.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •