SpaceX до крајот на годината ќе ги испрати првите туристи во вселената

- Advertisement -

Kомпанијата SpaceX на милијардерот Илон Маск најави дека до крајот на оваа година сака да испрати четворица туристи во вселената со леталотот Crew Dragon во рамките на мисијата Inspiration4. Тоа ќе биде првата цивилна мисија во вселенскиот туризам во историјата.

Оваа мисија ќе овозможи туристи да одат во вселената, односно приватни лица кои отсекогаш сонувале за тоа“ се наведува во соопштението на компанијата.

- Advertisement -

Со леталото ќе управува Џеред Ајзакмен, основач и извршен директор на приватната компанија Shift4 Payments, кој ги донира трите останати места во леталото Dragon, а идентитетот на останатите тројца патници ќе биде објавен дополнително.

Натпреварот за тие места е отворен за сите жители на САД постари од 18 години, а една од целите на мисијата е собирање пари за детската болница Сент Џуд. Еден од начините за учество во мисијата Inspiration4 е донирање пари на фондацијата Сент Џуд, а другиот е стартување бизнис на е-комерц платформата Shift4 Payments за онлајн трговија и споделување приказни на социјалните мрежи.

- Advertisement -

Патувањето околу Земјата ќе трае неколку дена, а ќе заврши на брегот на Флорида. Лансирањето се планира за четвртиот квартал од годинава од Вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал.

Сите патници ќе поминат обука во компанијата SpaceX – од орбитална механика до движење во простор без гравитација. Учесниците ќе се подготват за дејствување во вонредни ситуации.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -