Италија ќе мора да увезува маслиново масло

- Advertisement -

Италија наскоро би била присилена да увезува значителна количина маслиново масло поради падот на производството што е предизвикано од екстремните временски услови, предупреди климатологот Рикардо Валентини, пренесе Си-Ен-Ен.

Лошото време и мразот во последните неколку месеци предизвикаа пад на производството на маслиново масло за 57 отсто за 2018 година, а тоа го чинеше секторот речиси милијарда евра.

- Advertisement -

Маслинката е многу осетлива на промените во климатските услови. За неа повеќе се погубни три дена под мраз, отколку мала промена на просечната температура во текот на годината, изјави Валентини.

Поради тоа, земјоделците излегоа на протести, барајќи активни мерки за да се спречи натамошниот пад на производството.

- Advertisement -

Еколозите предупредија дека екстремните временски услови уште повеќе ќе му наштетат на италијанското земјоделство и е многу веројатно дека Италијанците ќе почнат да увезуваат маслиново масло.

Тоа ќе биде голема промена во нашите животи. Италијанците никогаш не користеле туѓо маслиново масло. Многу ретко кај нас можете да најдете масло од друга земја, изјави Валентини.

- Advertisement -

Поради климатските промени, Европа минатата година помина низ екстремно топли или ладни временски услови, што не ја заобиколи ниту Италија.

(InStore.mk)

Сподели!
- Advertisement -