ЦРНА ПРОГНОЗА: Поради загревањето на атмосферата ќе снема кислород на Земјата!

- Advertisement -

Земјината атмосфера се состои од осетлива рамнотежа на низа хемиски елементи. Секој од нив е битен за некој во земјиниот екосистем. Воздухот кој го дишеме се состои од кислород и водород, кои се најчести компоненти во атмосферата. Токму кислородот е клучен за одржување на животот на Земјата, а растетелниот свет се грижи да го има доволно.

Истражување објавено во списанието Nature Geoscience има црни прогнози за иднината на Земјата и нејзината атмосфера. Истражувањето се вика „The future lifespan of Earth’s oxygenated atmosphere”, односно „Идниот животен век на земјината атмосфера богата со кислород“. Крис Рајнхард од Технолошкиот универзитет во Џорџија и Казуми Осаки од Универзитетот Токио, кои го спроведоа истражувањето, предупредуваат дека за милијарда години може да дојде до прегревање на атмосферата, што ќе резултира со изумирање на сите билки на Земјата. Со исчезнувањето на билките, животните и луѓето ќе го изгубат примарниот извор на кислород, што ќе резултира со изумирање на цела планета.

- Advertisement -

Имено, се очекува дека Сонцето ќе ја засили својата активност, што ќе ја загрее атмосферата. Тоа ќе доведе до разложување на јаглерод диоксидот, чие ниво ќе се намалува додека не биде премало за билките кои го користат за фотосинтеза. Без билки и фотосинтеза нема производство на кислород, а тоа доведува и до изумирање на останатите организми, Научниците истакнуваат дека тоа може да се случи за милијарда години, но дека кога ќе почне процесот, ќе се одвива многу брзо.

Како што ќе го снемува кислородот, така ќе расте нивото на метанот. Научниците проценуваат дека нивото може да се зглеми на 10 пати повеќе отколку што има денес во атмосферата. Научниците потсетуваат дека Земјата ја немала отсекогаш атмосферата која ја има сега, а се состои од 78% азот, 21% кислород, 0,9% аргон и 0,1% останати гасови. Пред 2 милијарди години на Земјата немало кислород. Дури кога се појавиле првите цијанобактерии, односно сини-зелените алги, кои произведуваат кислород како нуспроизвод на фотосинтезата, атмосферата почнала да го добива денешниот изглед. Пред околу 2,4 милијарди години нашата планета доживеала голема промена, односно со ширењето на алгите и развојот на билките во атмосферата се зголемило нивото на кислородот.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -