14 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Научниците потврдија – само една доза вакцина обезбедува заштита од КОВИД-19, но од вакцината зависи колкава е таа заштита

Kabtel desktop

Од ден во ден има се повеќе вакцинирани луѓе во светот. Некои примиле само една доза, некои две дози, а некои уште чекаат да се вакцинираат. Моментално против КОВИД-19 во светот се вакцинираат со неколку различни вакцини, додека во Европа се достапни Comirnaty (Pfizer и BioNTech), Janssen (Johnson&Johnson), Moderna, Vaxzevria (AstraZeneca и Универзитет Оксфорд), Sputnik V (Gameleya Research Institute) и CoronaVac (Sinovac).

Во зависност од тоа со која вакцина се вакцинирани првиот пат, граѓаните може да ја чекаат втората доза од 3 до 12 недели. Затоа се поставува прашањето колкава е заштитата на засмо една доза вакцина.

Студијата која ја објавија минатиот месец и уште чека на рецензија се базира на податоци собрани од 375.000 вакцинирани луѓе од Велика Британија. Од анализата на податоците научниците заклучиле дека една доза на вакцините на Pfizer и на AstraZenecа ја намалува опасноста од зараза со КОВИД-19 со симптоми за 72%, а заштитата треба да трае до 10 недели.

Авторите на студијата истакнуваат дека не треба да се одложува втората доза за повеќе од 10 недели затоа што податоците покажуваат дека потоа опаѓа нивото на антитела. После втората доза на вакцината на Pfizer нивото на заштита се искачува на 90%. Податоците за нивото на заштита после втората доза од вакцината на АstraZenecа уште не се познати.

Друга студија објавена во списанието Lancet наведува дека една доза од вакцината на Pfizer во дури 91% од случаите спречува хоспитализација во период од 28 до 34 дена после вакцинирањето. Една доза од вакцината на AstraZenecа под истите услови е ефикасна во 88% од случаите.

Трета студија откри дека една доза од вакцината на Pfizer или AstraZenecа е дозвола за да се преполоват шансите за ширење на симптоматски КОВИД-19 во едно домаќинство.

Па, колку вакцините штитат после само една доза? Тој податок се разликува од вакцина со вакцина. Но, ако се базираме на податоци од клиничките студии кои компаните ги предаваа до различни здравствени регулатори, можеме да направиме една листа.

Една доза од вакцината на Pfizer дава барем 80% заштита од симптоматски КОВИД-19 и 100% заштита од хоспитализација и смрт. Вакцината на Modernа дава барем 80% заштита од симптоматски КОВИД-19, но не е јасно колку штити од хоспитализација и смрт затоа што има премалку податоци. Една доза од вакцината на AstraZenecа штити до 70% од симптоматски корона вирус и 100% заштита од хоспитализација. Вакцината на Johnson&Johnson се дава во една доза и создава заштита 14 дена после примањето, а заштитата после 28 дена е 66,1%.

(Business Insider)

(фото: Freepik)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •