Научници открија дека Земјата има уште еден природен сателит освен Месечината

- Advertisement -

Откако луѓето ја проучуваат вселената знаеме дека Земјата има свој природен сателит0 Месечината, која во текот на своето орибитирање влијае на одредени природни процеси на Земјата. Но, нова студија објавена во списанието Nature открива дека околу Земјата се врти уште еден природен сателит.

Сателитот го носи името Камоалева и е откриен уште во 2016 година, но научници дури сега утврдија дека се движи во правилни интервали околу Земјата. Поточно, за разлика од Месечината, која се наоѓа на 384.000 км од Земјата, Камоалева се движи по 40-100 пати поодалечена патека. Неговата траектирија потсетува на спирала затоа што овој мал природен сателит се бори со гравитационото влијание на Земјата и на Сонцето.

- Advertisement -

На него првенствено влијае сончевата гравитација, но податоците покажуваат и дека велгува во орбита слична на Земјината, вели Бен Шејки, кој е студент на Универзитетот Аризона и воедно автор на студијата.

Необичната патека на движење не значи дека Камоалева (што на Хавајски значи небесно тело што се движи) има и необично потекло. Научниците претпоставуваат дека станува збор за астероид кој е фатен во гравитационата привлечност меѓу Сонцето и Земјата. Но, она што особено го привлекува вниманието на научниците е хемискиот состав а Камоалева. Најголем дел од астероидите сјаат на одредена фреквенција на инфрацрвените зраци, но овој астероид нема таков сјај. Како што се вели во студијата, има загасена боја, што значи дека има друг хемиски состав и друго потекло.

- Advertisement -

За да го истражи Камоалева, Шејки се послужил со телескопот на НАСа кој се наоѓа на Хаваи, а потоа и со телескопот на Универзитетот Аризона. Тој открил дека атсероидот се состои од вообичаени силикати, но нема свој инфрацрвен потпис, односно отсјај. На крајот открил дека Камоалева веројатно е одамна изгубен дел од нашиот добро познат природен сателит, Месечината. Научниците веруваат дека парчето се одвоило од Месечината при судир со друго небесно тело, но наместо да се распадне и да дојде на Земјата, се претворило во своевиден природен сателит. За жал, нема да можат уште долго да го анализира затоа што според проценките, треба да се задржи во нашата близина уште околу 300 години, а потоа ќе исчезне во вселената.

(Nature)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -