Mакедонскиoт Smidgin се вброи во најдобрите 6 џина во светот!

- Advertisement -

На еден од наjпрестижните натпревари за џин во светот “The Gin Guide”, Смидџин, првиот македонски крафт џин, освои две златни медали и се вброи во најдобрите шест џина во светот.

Наградите се добиени во две категории: во категоријата на традиционален џин до 42% алкохол и во географска категорија, каде има освоено највисоки оцени од сите пријавени од Европа.

- Advertisement -

Вредно е да се спомене дека овој голем успех е постигнат во конкуренција од околу илјада пријавени џина од над триесет земји во светот и за да се постигне бара постојано високи оцени од судиите на неколку слепи дегустации.

“The Gin Guide” e најпознатиот независен водич за џин во светот. Постои од 2014 година, и преставува најголем и најреспектабилен независен водич како за љубителите така и за производителите на овој пијалок. Судии се едни од најеминетните мастер дистилери, дегустатори, миксологисти  и сл. Покрај судењето и самиот избор на судиите е доста сложен процес.

- Advertisement -

Смидџин е македонски крафт џин направен по традиционалната London Dry технологија. Во неговото производство покрај смреката и планински чај од Галичица учествуваат и 12 други билки од различни делови од Македонија.

Целата приказна за првиот македонски џин може да ја прочитате на Иновативност на следниот ЛИНК.

Сподели!
- Advertisement -