Стартап од Хаваи ја отвори првата фабрика за отстранување на СО2 од океаните

- Advertisement -

Стартапот Heimdal од Хаваи развива метод за отстранување на СО2 од океаните кој трајно може да го складира јаглерод диоксидот и истовремено да ја намали киселоста на океаните. Компанијата го постигнува тоа така што испумпува солена вода во машина која со примена на електрична енергија ги преуредува молекулите во водата и ја намалува киселоста.

Киселоста се отстранува во форма на хидрохлорна киселина, која исто така може или да се складира или да се продава. Во текот на процесот се добиваат и нуспроизводи како водород и кислород, кои исто така може да се складираат. Водата, пак, се враќа во океанот и шродолжува да помага да се исчисти јаглерод диоксидот.

- Advertisement -

„Кога вишокот киселост ќе се отстрани од океанот CO2 се враќа на состојбата на водата пред Индустриската револуција. На овој начин се претвора од карбонска киселина, која ја предизвикува киселоста на водата, во бикарбонати и карбонати. Тие се стабилни форми на минерализиран јаглерод диоксид, кој се враќа на дното на океанот и таму остануваповеќе од 100.000 години.

Океаните апсорбираат многу голеа количина CO2, иако колку повеќе јаглерод диоксид има во водата толку побавно е апсорбирањето на нов СО2 и океаните стануваат заситени со CO2. Досега океаните имаат апсорбирано 1/3 од вишокот CO2 кој луѓето го имаат испуштено во атмосферата.

- Advertisement -

Минатата година истражувачи од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес најавија дека лансираат нов стартап Seachange, кој се базира на сличен концепт како тој на Heimdal. Нивниот процес го претвора CO2 од океанската вода во материјал сличен на школките и како таков може да се складира. Слично на

Минатата година истражувачи од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес најавија дека лансираат нов стартап Seachange, кој се базира на сличен концепт како тој на Heimdal. Нивниот процес го претвора CO2 од океанската вода во материјал сличен на школките и како таков може да се складира. Слично на

- Advertisement -

Минатата година истражувачи од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес најавија дека лансираат нов стартап Seachange, кој се базира на сличен концепт како тој на Heimdal. Нивниот процес го претвора CO2 од океанската вода во материјал сличен на школките и како таков може да се складира. Слично на Heimdal, процесот е дизајниран да овозможи водата во океаните да апсорбира што повеќе CO2.

Heimdal пушти во употреба пилот-фабрика која ја користи истата инфраструктура од фабриките за десалинизација на водата. Од компанијата велат дека нивната технологија моментално може да исчисти еден тон CO2 по цена од 475 долари. Наредната фабрика ќе биде дизајнирана да може да чисти 5.000 тони СО2 годишно по цена од 200 долари за тон. Heimdal сака таа фабрика да ја изгради во Португалија или во Дубаи.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -