Научници трансформираат свински црни дробови во човечки

- Advertisement -

Познато е дека многу здравтствени работници се надеваат во иднина дека ќе можат да пресадуваат свински црни дробови кај луѓе, а за тоа да се реализира најрпвин треба животински црни робови да се направат послични на човечките. Тоа е нешто на што работи компанијата Miromatrix.

Ни, буквално, го менуваме органот целосно за нашето тело да не го смета за нешто туѓо и да го отфрли вели извршниот директот на Miromatrix, Џеф Рос.

- Advertisement -

Компанијата има амбициозни планови да го спроведе првото тестирање на луѓе во текот на оваа година. Откако Агенцијата за храна и лекови во САД даде зелено светло, првичните експерименти ќе се прават надвор од човечко тело. Поточно свински црн дроб ќе биде поставен со креветот на пациент за привремено да ја филтрира крвта на некој чиј црн дроб не функционира.

Ако тоа помине успешно, наредниот чекор ќе биде да се создаде вештачки орган со помош на биоинженеринг. Како што велат докторите, ова е многу поверојатно да се случи во блиска иднина отколку ксенотрансплантација, односно директно пресадување органи од животни во луѓе.

- Advertisement -

Се работи на оваа опција поради немање човечки органи за пресадување.Сепак, животните може да се одржлив извор на органи, а органите создадени со бионженеринг може да помогнат да се користат животински органи.

Но, за да бидат употребливи тие органи мора од клетките на свињите да се остранат некои од ризиците при ксенотрансплантација, односно животинските вируси и хипер одбивање. Тој процес веќе е одобрен од Агенцијата за храна и лекови за друга намена – производство на еден вид на хириршка мрежа. Но, сеха Miromatrix планира да ги направи животинските органи погодни за примена кај луѓе.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -