Индија ќе ја лансира својата прва мисија на површината на Месечината

- Advertisement -

На 23 август Индиската организација за истражување на вселената ќе го лансира својот лендер и ровер од мисијата Chandrayaan-3 на површината на Месечината. Ова е третата мисија од програмата за истражување на Месечината. Претходните два сателити Chandrayaan имаа различни проблеми, па влатите се надеваат дека оваа мисија ќе биде целосен успех.

Целта на мисијата Chandrayaan-3 е лендерот и роверот на ISRO успешно да направат меко слетување на Месечината. Лендерот содржи четири главни научни инструменти, меѓу кои и термални и атмосферси инструменти, како и повеќе ретрорефлектори за ласери.

- Advertisement -

Тие рефлектори се користат за мерење на растојанието од Месечината до Земјата со поголема прецизност. Тие, всушност, испраќаат ласер кон Месечината и се мери времето потребно да појде до Месечината и да се рефлектира назад. Бидејќи е позната брзината на светлината, може да се пресмета растојанието. Лендерот, исто така, ќе ги мери и потресите на Месечината, односно слабите сеизимички активности кои се случуваат на месечно ниво.

Роверот Pragyan, пак, ќе го истражува хемискиот состав на површината.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -