Со резолуција од над 3,2 гигапиксели, тежина од речиси три тони и цел да спроведе истражувања во наредната деценија, најголемата дигитална камера досега, направена за астрономски цели, е подготвена да се инсталира на северот на Чиле.
Деловите потребни за составување на опсерваторијата Вера Ц. Рубин, како што се вика телескопот и самата камера, патувале со неколку возила до врвот на планината Серо Пачон во регионот Кокимбо, на самиот раб на пустината Атакама.
Стјуарт Кордер, научник од Асоцијацијата на Универзитетот АУРА и заменик-директор на центарот NOIRLab, кој ќе управува со опсерваторијата, рече дека се надева дека сè ќе биде подготвено за инсталација подоцна годинава.
На официјалната веб-страница се наведува дека опсерваторијата Рубин е комплексен, интегриран систем со 8-метарски телескоп, камера и автоматска обработка на податоци.
Ќе снима приближно 20 терабајти податоци дневно, а 10-годишното истражување ќе создаде податоци од 15 петабајти.Целта на истражувањето е да се разбере темната материја на универзумот, како и опасноста од удар на астероид во Земјата, ѕвезда или планета во близина на Сонцето.
АУРА е конзорциум од 47 американски институции и три меѓународни партнери, кои управуваат со астрономски опсерватории за Националниот научен фонд и НАСА.
Чиле е домаќин на бројни астрономски инвестиции благодарение на ведрото небо на пустината Атакама, најсувата во светот.
(N1)
(фото: ISST)