Каде е правото место на хејтот? Во корпа за отпадоци! Токму тоа го прави група инфлуенсери со една провокативна иницијатива против говорот на омраза
![](https://inovativnost.mk/wp-content/uploads/2025/02/img_1711-683x1024.jpg)
Најгрдите, најбезобразните и најтоксичните коментари од нивните профили, сега се испечатени на тоалетна хартија. Одлично место за тоа, нели!?
Веќе неколку денови, тие активно споделуваат видеа на социјалните мрежи и буквално ја праќаат омразата таму каде што ѝ е местото – во корпа за отпадоци.
Пораката е едноставна, но ефективна: Вистинското место на омразата е тука! Со ова тие го креваат гласот против онлајн вознемирувањето.
Македонски Телеком како компанија која се залага за свет полн со дигитален оптимизам ја отвора и поддржува темата интернет без омраза.
Придружете ни се!
Раширете ја пораката: Колку повеќе луѓе дознаат, толку посилна ќе биде заедничката борба против говорот на омраза.
Заземете став: Кога ќе наидете на говор на омраза на интернет не премолчувајте! Покажете поддршка: Следете ги приказните на нашите инфлуенсери и поддржете ја нивната порака.
Да направиме место за вистински да се поврземе.
#НаправиМесто