Виталиа и оваа година дел од приказната на „Охридско лето“

- Advertisement -

Виталиа ја продолжува својата повеќегодишна поддршка на фестивалот „Охридско лето“ една од најзначајните и најпрепознатливи културни манифестации во нашата земја.

Во своето 66. издание, фестивалот повторно го претвора Охрид во центар на музичката и сценската уметност, обединувајќи домашни и меѓународни уметници на некои од највпечатливите фестивалски сцени. Годинешната програма започна на 12 јули со свеченото отворање и гала-концертот „Љубов“, а во текот на фестивалските вечери публиката има можност да проследи разновидна програма со концерти, театарски претстави и други уметнички настани.

- Advertisement -

Како знак на добредојде и благодарност за уметниците кои ја создаваат фестивалската магија, Виталиа им подготви подароци со производи од своето портфолио, новите Elements чипсови, како здраво и крцкаво изненадување за моментите меѓу пробите, настапите и фестивалските вечери.

Виталиа е поддржувач и на „Као Какао“ – претставата со која ќе биде заокружено годинашното издание на „Охридско лето“. Насловот кој веднаш буди асоцијации на музика, енергија и добра атмосфера ќе донесе динамична завршница на фестивалската сцена и уште една вечер за паметење под охридското небо.

- Advertisement -

Со континуираната поддршка на „Охридско лето“, Виталиа ја потврдува својата определба да биде присутна не само во секојдневието на потрошувачите, туку и во иницијативите што ја негуваат културата, креативноста и домашната уметничка сцена.

- Advertisement -