0.4 C
Skopje
недела, јануари 19, 2020

Иновативните илузии на Кристиан Шопов едуцираат со еколошки пораки

Kabtel desktop

Идејата ми е да се ребрендирам во еко или зелен илузионист кој ќе промовира екологија преку своите настапи. Ако до сега целта ми била само да ги забавувам луѓето, сега ќе биде како од публиката да создадам ЕКО Супер херои, вели илузионистот Кристиан

Младиот илузионист Кристиан Шопов е одамна познат на нашата јавност под својот псевдоним Magic Kristian. Неговата магија разубавела многу детски родендени, забави, фестивали… Идејата на Кристиан својата работа да ја искористи за едукативни цели и за промоција на екологијата и потребата од селекција и рециклирање на отпадот, резултираше со проектот „Еко илузии“, кој годинава беше избран од здружението за социјални иновации АРНО, како една од трите најдобри идеи на конкурсот „Филантропија преку зелени идеи 2017“. „Еко илузиите“ беа наградени со 10.000 долари и на истата регионална манифестација, која е во организација на Фондот на Браќата Рокфелер од САД и која годинава се одржа во Црна Гора. Тоа е поводот Кристиан за „Иновативност“ да раскаже како дојде до идеја да ги инкорпорира еколошките пораки во секојдневните иновации на своите трикови.

(Разговараше- Сања Наумовска)

  • Кристиан, како се спојуваат екологијата и илузијата?

Илузионистичките настапи привлекуваат внимание кај луѓето од сите возрасти. Сите сакаат, барем за миг, да бидат дел од еден волшебен свет во кој невозможното станува возможно. Моќта на илузијата да го привлече вмниманието на гледачите претставува можност на публиката да и се пренесат и едукативни еколошки пораки преку специјално осмислени трикови. Илузионистичките настапи ќе бидат медиуми за подигање на еколошката свест кај населението.

 

  • Откриј ни некој трик, што ќе научиме од твојата зелена идеја?

Една од пораките ќе биде дека старата хартија има голема вредност и треба да ја оставиме на специјален контејнер за хартија за да истата биде рециклирана. Оваа порака ќе ја раскажам преку трикот со кој стар весник хартија ќе го искинам на ситни парчиња и откога ќе објаснам како истиот може да се рециклира од ситните прачиња искинат весник ќе направм нов цел весник. На овој начин илузионистичкиот настап нема да служи само да ги забавува луѓето, туку и да ги потсети како да се грижат за природата, како да редуцираат, реупотребуваат и рециклираат отпад.

 

  • Дали триковите ќе имаат само еко пораки или за нив ќе користиш и рециклирани материјали?

Дел од триковите ќе бидат изработени од стари материјали кои ќе се набават од отпад. На овој начин, триковите изработени од реупотребени материјали ќе покажат дека со отпадот, кој некој го фрлил и го смета за безвреден, може да се направат илузии кои ќе забавуваат публиката. Облеката која ќе ја носам на настапите исто така ќе биде изработена од стари реупотребени материјали.

  • Твојата работа е поврзана со деца, мислиш ли дека тие се вистинската публика за еко илузиите или имаш асови во ракавот и за возрасните?

Најважно е на децата да им се пренесат пораките кои поттикнуваат еколошка свест, бидејќи тие деца се иднината на државата. Доколку нив ги научиме од мали нозе како да се грижат за природата и како да го селектираат отпадот во иднина ќе имаме совесни граѓани. Покрај децата планирам да правам претстави и за средношколци, студенти и сите останати љубители на илузијата.

  • Го менуваш ли целиот концепт на работа или еко илузијата ќе биде само дел од твоите настапи?

Идејата е да се ребрендирам во еко или зелен илузионист кој ќе промовира екологија преку своите настапи. Ќе се смени целиот концепт на работа. Ако до сега целта била само да се забавуваат луѓето, од сега ќе биде како од публиката да се создадат ЕКО Супер херои кои ќе се грижат за природата.

  Колку илузијата е иновативна, се сведува ли се на стари добри трикови или има иновации и во оваа професија?

Во илузијата има безброј можности за иновација. Не би рекол дека се се сведува на стари добри трикови туку дека се сведува на принципи и методи со чија иновативна комбинација се доаѓа до нови илузионистички дела. Исто како што во музиката нотите се исти, но нивната уникатна комбинација создава нови уникатни дела.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •