„Овие одредби се навистина историски и ќе бидат водилка за остатокот од земјата”, вели Кент Сасаки, претставник на Комисијата.

„Тоа е почеток на значително подобрување во начинот на производство на енергија и намалување на потрошувачката на фосилни горива”, додаде.

Покрај ова, новиот стандард вклучува и поттик за сопствениците на домовите да додадат батерии со висок капацитет во нивниот електричен систем за да ја складираат сончевата енергија. Сепак, исклучок од ова правило се домовите кои се изградени на локации каде често има сенка.

Домовите кои ќе бидат изградени со новото правило ќе трошат 50 отсто помалку енергија. Тоа ќе важи за куќите високи до три спрата.

Инаку, Калифорнија сериозно се залага за намалување на емисиите на стакленички гасови и се пренасочува кон искористување на обновливите извори на енергија. Властите веќе соопштија дека ќе ги затворат централите на јаглен до 2045 година.

(RadioMOF.mk)