14.9 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

Financial Times го прогласи Џорџ Сорос за човек на годината

Kabtel desktop

Британскиот весник Financial Times денес објави дека го прогласува милијардерот и филантроп Џорџ Сорос за човек на годината. „Изборот на Financial Times за човек на годината е одраз на нeговите достигнувања. Изборот на Сорос е поради вредностите кои ги претставува“ пишува весникот.

Сорос е голем поддржувач на прогресивните каузи, но се најде пред вистински оган поради финансирањето на левичарски групи и групи за заштита на човековите права во Израел. Кружеа и гласини дека соработувал со нацистите кога бил дете во Унгарија за време на Холокаустот. Сорос имал 13 години во 1944 година и го преживеал Холокаустот благодарение на унгарски службеник чија работа била да собира инвентар од конфискуваните еврејски домови.

Сорос исто така работел и како доставувач на известувања за депoртирање до Евреите се додека татко му не дознал што работи. Многу од заговорничките теории против Сорос се базираат на неговото интервју „60 Minutes” во кое милијардерот вели дека не се чувствува виновен за тоа што пасивно чекал и се надевал да го преживее геноцидот.

Тој е стандарден залагач за либерална демократија и отворено ооштество. Тие идеи победија во текот на Студената војна. Денес се наоѓа во заседа од сите страни – од Владимир Путин и Русија до Доналд Трамп и САД.

Повеќе од три децении Сорос ја користи филантропијата за да се бори против авторитаризмот, расизмот и нетолеранцијата. Преку својата посветеност на отвореност, слобода на медиумите и заштита на ќовековите права тој на себе го навлече гневот на многу авторитаристички режими и на националните популисти, особено во Европа.

„Ме обвинуваат за се и сешто, дури и за тоа дека сум антихрист. Би сакал да немам толку непријатели, но тоа го сфаќам како потврда дека сигурно правам нешто добро“ вели Сорос.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •