Пет евтини смартфони кои би можеле пријатно да не изненадат годинава

- Advertisement -

Секоја година разни светски производители на пазарот пласираат десетици нови модели паметни телефони. Според моменталните најави, ова се пет модели на кои секако треба да обрнеме внимание годинава.

Xiaomi Pocophone F2

- Advertisement -

Наследникот на Xiaomi Pocophone F1 би требало да има IPS LCD екран со дијагонала од 6,4 инчи, двојна задна камера (16 и 5 мегапиксели) и една камера напред од 20 MP, процесорот Snapdragon 845 на Qualcomm и батерија со капацитет од 4.100 mAh.

Motorola Moto G7

- Advertisement -

Се очекува дека телефонот ќе има IPS LCD екран со дијагонала од 6,4 инчи и резолуција од 2.340х1.080 пиксели (430 ppi), двојна задна камера (16 и 5 MP) и една камера напред од 12 MP. Процесорот би бил Qualcomm Snapdragon 660 MSM8956, а батеријата ќе има капацитет од 3.000 mAh.

Oppo F10

- Advertisement -

Телефонот ќе го има процесорот Snapdragon 835, две задни и една предна камера, а се зборува за две верзии на телефонот. Едната ќе има 6GB RAM и 64 GB меморија, додека другата би имала 8GB RAM и 128 GB меморија.

Samsung Galaxy J8 2019

Освеженото издание на моделот Galaxy J8 би требало да има HD+ екран со дијагонала од 6 инчи, две задни и една предна камера и батерија со капацитет од 3.500 mAh.

Vivo V10

Откако понудија поевтин смартфон со четири камери, од Vivо подготвуваат телефон V10 со екран од 6,2 инчи, оперативен систем Android 8 Oreo, задна камера од 24 MP и предна камера од 32 MP, четиријадрен процесор Snapdragon 835, 6GB RAM, 128 GB меморја и батерија од 4.000 mAh.

Сподели!
- Advertisement -