Сундар Пичаи, извршниот директор на Google и неговиот тим денеска претставија бројни новитети на кои компанијата вредно работела во изминатите месеци, а можеби и години. Пичаи повеќе пати напомена дека компанијата развива производи чија цел е да им помогнат на луѓето во секојдневниот живот, но и производи кои ќе им бидат достапни на сите, вклучувајќи ги и луѓето со инвалидитет.
Беа најавени новитети во пребарувањето, кои вклучуваат и пребарување со 3Д фотографии и користење на проширена реалност при пребарувањето, како и нови начини на кои при пребарувањето може да се користи Google Lens, односно камера. Голем напредок е постигнат со технологијата Duplex и Google Assistant сега може да договори изнајмување на автомобил без вклучување на сопственикот на телефонотот, кој само треба да ги потврди информациите.
Демонстрацијата која беше прикажана навистина е импресивна. Асистентот брзо сфаќаше се што му се зборува, отвораше апликации, пишуваше пораки, ја разбираше разликата меѓу текстот во имејлови и сл. Голем акцент беше ставен на приватноста, па популарниот инкогнито начин на работа сега доаѓа и na Google Maps, на YouTube и на пребарувачот, што значи дека активноста на корисникот во тие апликации нема да биде поврзана со нивниот профил на Google.
Од Google го прикажаа напредокот кој го постигнале со техологијата за препознавање на говор, па нивниот софтвер сега може да преведува говор во живо и текстот да го испишува на екранот на мобилните уреди. Опцијата за превод во живо ќе биде интегрирана во идната верзија на Android Q, во која главниот акцент е ставен на иновации, безбедност, приватност, како и на т.н. дигитална добросостојба.
Од иновациите нагласена е поддршката за еластични телефони, па новиот Android ќе овозможи максимизирање на содржините на таквите уреди и континуитет на екранот, односно она што ќе го гледате на малиот екран ќе можете да продолжите да го гледате кога ќе го отворите телефонот. Се спомена и поддршка за 5G, опција за паметно одговарање на пораки, како и опција за паметни акции во кои телефонот сам препознава кои акции сакаат да ги направат корисниците.
И кај новиот Android акцентот е ставен на приватноста. Интересен новитет е т.н. фокус мод, кој на корисниците ќе им овозможи стишување на некои апликации кои попречуваат во некоја работа. /на пример, ќе може да се изгасат нофитикациите од Facebook и мејловите, а да се примаат повици и пораки.
За новите телефони се знаеше се и пред конференцијата, а најбитното беше потврдено – Pixel 3a со екран од 5,6 инчи и солиден хардвер, моќна батерија и одлични камери ќе биде достапен по цена од 399 долари, додека моделот XL со екран од 6 инчи е достапен по цена од 479 долари. Овие телефони нудат некои премиум опции по пристапна цена, па ќе бидат достапни за повеќе луѓе.