Реинтерпретација на философијата за дизајн на Самсунг

- Advertisement -

“Дизајн” е збор кој тешко се дефинира – може да означува голем број работи. Понекогаш, дизајн едноставно означува облик на предмет. Во други случаи, поимот дизајн е поапстрактен, како на пример, целосното искуство на корисникот со некој производ. Понекогаш, дури може и да се почувствува во форма на емоционална резонанца помеѓу дизајнерот и корисникот.

Дизајнерите од компанијата Самсунг Електроникс ги земаат в предвид сите овие дефиниции при дизајнирањето на продуктите. Нивната имагинација се протега од нематеријални елементи, како корисничкото искуство, па се до физички карактеристики, како изгледот на уредот.

Во рамки на процесот на дизајнирање, дизајнерите од Самсунг имаа заедничка цел – создавање дизајн кој е инспириран од луѓето, но ја креира иднината. Самсунг континуирано го нагласува дизајнот како еден од клучните асети на Компанијата, прогласувајќи ја 1996 година за “година на револуцијата во дизајнот“. Преку своите продукти, компанијата сака да ја раскаже приказната за нивната философија, култура, како и технологија, со постојан стремеж за подобрување, ставајќи ги корисниците во центар на своите дизајнерски решенија.

- Advertisement -

Дизајнерите внимателно го создадоа заоблениот раб на Галакси С10 за да овозможат сигурно, удобно држење на уредот. Новиот Инфинити-О екран на Галакси С10 им овозможува на корисниците целосно ново искуство при креирањето на снимки, или гледањето на видео клипови. Корисничкиот интерфејс на Самсунг – “One UI” е осмислен со цел да им овозможи на корисниците постојана употребливост на сите функции и услуги, допринесувајќи им поедноставно да се фокусираат на поважните задачи. Воедно, преку низа внимателни проучувања на движењата на прстите, дизајнерите успеаа да обезбедат лесен и брз пристап до клучните функции на уредот.

- Advertisement -

Промените носат нови искуства. Покрај тоа што Самсунг ги става корисниците во центарот на својот дизајнерски процес, компанијата длабоко размислува како да создаде значајни промени за корисниците, за нивниот секојдневен живот.

 

- Advertisement -

Во 2019 година, милениумците се создавачи на општествените трендови. Тие ги вреднуваат искуствата над материјалната сопственост. Оваа генерација смело ги истражува новите откритија и ја следи индивидуалноста. Наспроти ова, компанијата Самсунг ја реафирмира нивната идна насока и продолжува да се залага за философијата за кориснички-ориентиран дизајн.

 

“Бидете храбри. Резонирајте со душата”, мото кое ја илустрира желбата на Самсунг за негување на искуства кои се попривлечни за корисниците преку креирање на храбри и иновативни дизајни. Нивна цел е внесување на автентичност и емоционална резонанца во дизајнот кој се имплементира во секојдневниот живот на луѓето.

Низ целиот свет, во Самсунг Електроникс работат околу 1.500 дизајнери. Овие свесни пионери продолжуваат да го прават светот подобро место со дизајнирање на Самсунг производи, услуги и технологии, испорачувајќи возбудливи искуства, значајни приказни и природна, спонтана поврзаност со корисниците.

Сподели!
- Advertisement -