Scania тестира соларен шлепер

- Advertisement -

Некои производители на автомобили веќе почнаа да вградуваат соларни кровови на своите возила, па така веќе можете да купите Hyundai Sonata хибрид со кров во кој е вграден фотонапонски панел, но се покажа дека тоа не доведува до некои посебни заштеди на гориво и енергија и нема значително да го зголеми досегот на возилотот, првенствено поради малата кровна површина.

Познатиот производител на камиони Scania, кој се наоѓа во составот на Volkswagen, одлучи да тестира дали може сончевата енергија да има поголема улога во заштитата на гориво ако на располагање имате поголема површина. Затоа, својот шлепер односно камион со полуприколка го покриле со фотонапонски плочи со површина од 459 квадратни метри, што одговара на кровот на една куќа со средна големина.

- Advertisement -

Освен што сакаат да видат колку сончевата енергија ќе има влијание на досегот на автомобилот и заштедата на гориво, Scania и нејзиниот партнер Еrnst Express сакаат да ги видат можностите за добивање енергија за домаќинствата. Тоа значи дека после возењето на камионот може да го паркирате во двор и да го поврзете на куќната електрична мрежа и така да имате двојна корист од таквиот систем.

Иако тестовите на патишта во Шведска уште не се почнати, од Scania велат дека фотонапонските плочи можат да генерираат околу 14.000 kWh енергија годишно, што би било доволно за 5% до 10% заштеда на гoриво во Шведска, односно дупло повеќе во сoнчевите земји како Шпанија.

- Advertisement -

Scania ќе ги спроведува тестовите за патишта заедно со шведската влада, за да може да се пресмета исплатливоста на таквите системи. На пример, сончевите панели со таа големина инсталирани на кровот би чинеле околу 50.000 долари, додека нивната инсталација на камионите би била поскапа. Од друга страна, големите камиони годишно можат годишно да трошат дизел гориво во вредност од 70.000 долари.

Од Scania велат дека ова решение и не е бесмислено за патиштата, туку им било најбитно да се докаже исплатливоста од користење за потребите на електричната мрежа во домовите и компаниите.

- Advertisement -

(SEEBiz.eu)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -