Магнетен спреј ги претвора предметите во роботи кои се движат

- Advertisement -

Со комбинирање на магнетни материјали со магнетни полиња роботски истражувачи продолжуваат да развиваат машини кои може да се управуваат на далечина на секакви корисни начини, како на пример за снимање на цревата или за испуштање на лекови во крвните садови. Научници од Градскиот универзитет на Хонгконг развија нов тип на магнетен спреј кој на обичните предмети може да им ги даде тие роботски особини.

Истражувачите се фокусираат на проширување на употребата на роботи со големина на инсекти (неколку милиметри), поради што ќе имаат поголема примена во човечкото тело. Во 2018 година можевме да видиме интересен „милиробот“, каде што научниците имаа поставено магнетни микрочестички во гуменото тело на роботот, па поради тоа роботот можеше да оди, да ползи, да скока и да се тркала, а сето тоа беше овозможено од надворешно магнетно поле.

- Advertisement -

Наместо да создаваат нов магнетен милиробот, авторите на новата студија создадоа алатка која може обичните предмети да ги претвори во магнетни милироботи. Алатката е, всушност, магнетен премаз наречен M-spray, кој е направен од поливинил алкохол, глутен и железни честички, а се лепи на мазни површини и површини со текстура од секакви материјали.

„Нашата идеја е со ставањето на тој магнетен премаз да се претвори кој било предмет во робот и да се контролира нивното движење. Нашиот M-spray може да се залепи за предметите и да ги „активира“ под дејство на магнетно поле“ вели д-р Шен Јаџинг, кој го предводел истражувачкиот тим.

- Advertisement -

Слојот кој го формира M-spray е дебел помалку од 1/4 од милиметар, што е клучно за да се задржи оригиналната форма на предметот. Тимот го демонстрираше својот производ на чепкалки за уши и пластични цевчиња, кои се претворија во меки роботи што одат, ползат и се тркалаат и сетоа тоа со помош на магнетно поле.

Но, интересно е тоа што нивните движења може да се репрограмираат по потреба со навлажнување на веќе зацврстениот премаз, по што тој ќе се претвори како лепак. Потоа со примена на силно магнетно поле матнегните честички во премазот може да се редистрибуираат, со што ќе се смени начинот на кој предметот реагира на магнетното поле.

- Advertisement -

Освен примена во биомедицината, тимот гледа голем потенцијал на иновацијата на полето на технологијата. „Се надеваме дека нашиот производ ќе помогне за развој и примена на милироботи на различни полиња, како што се активен транспорт, сензори, особено кога станува збор за ограничен простор“ вели д-р Шен.

Студијата е објавена во списанието Science Robotics, а од видеото подолу можете да видите како изгледаат тие милироботи.

(New Atlas)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -