37.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021

Официјално започна глобалната програма Accelerate2030 во нашата земја

Kabtel desktop

Сеавус Акцелераторот и Бизнис Импакт Лаб, со стратешките партнери УНДП и ФИТР официјално ја започнаа најголемата глобална програма Accelerate2030 во нашата земја.

Оваа година за прв пат седум македонските стартапи и претприемачи кои преку своето работење креираат импакт во заедницата, решавајќи важни социјални, еколошки или други предизвици поврзани со Целите на одржливиот развој на Обединетите нации, имаат можност да бидат дел од Accelerate2030.

Активни учесници во Accelerate2030 од Македонија се: AirCare, Culture Technologies, Mama Organa, Bintern, eBionics, Photonyca и The Generation Impact.

Accelerate2030 е најголемата глобална програма за поддршка на претприемачи од земји во развој кои креираат решенија поврзани со остварување на Целите за одржлив развој. Оваа програма обединува импакт стартапи, корпорации, агенции на Обединетите Нации, финансиски институции, меѓународни развојни организации и други партнери за да се поврземе и да соработуваме за скалирање на најдобрите иновации низ целиот свет.

Во рамките на програмата Accelerate2030 избраните стартапи преку онлајн платформа ќе следат глобални сесии заедно со претприемачи од целиот свет, надополнета со национална програма со менторски и индивидуални сесии.

Од акцелераторска програма Accelerate 2030 информираат дека најдобрите претприемачи од националната фаза ќе бидат номинирани за влез во глобалната фаза која е под водство на Impact Hub Geneva и започнува со Global Scaling Week (Глобалната недела за скалирање) во Женева, Швајцарија во ноември 2021, фокусирана на вмрежување со глобални партнери и останатите стартапи. За селектираните стартапи во глобалната фаза подршката продолжува во наредните шест месеци, фокусирана на пристап до нови пазари, во соработка со глобални партнери од Женева.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •