Американската технолошка компанија Google предложи промени во пребарувањето вести за да избегне нови антимонополски казни од Европската Унија, за кои веќе мораше да издвои 9,5 милијарди евра.
Според извори запознаени со случајот, американскиот технолошки гигант им понудил на регулаторите промени во правилата против несакана содржина, по обвинувањата дека намерно ги намалува позициите на одредени веб-страници за објавување во резултатите од пребарувањето кога прикажуваат реклами од одредени комерцијални партнери, објавува Bloomberg.
Доколку предлогот ја добие поддршката од конкурентите и регулаторите од Европската комисија, Google би можел да избегне формална наредба за промена на своите деловни практики според правилата на Законот за дигитални пазари (DMA), како и потенцијални казни што би можеле да достигнат до 10 проценти од нејзините годишни глобални приходи.
Компанијата соопшти дека продолжува со „конструктивна соработка“ со Европската комисија, додека Комисијата одби да коментира за случајот.
Комисијата во моментов спроведува други постапки против Google поврзани со наводното кршење на правилата на DMA.
Според истрагата, Google ги фаворизира своите услуги во резултатите од пребарувањето и им ограничува на развивачите на апликации да ги насочуваат корисниците кон понуди надвор од платформата Google Playstore.
Европските претставници стравуваат од дополнително заострување на односите со американскиот претседател Доналд Трамп, и поради ова, некои акции против Google напредуваат со побавно темпо, додава њујоршката агенција.
(Blic.rs)
Фото – Pixabay



























