Магичен материјал впива само нафта и убива бактерии

- Advertisement -

Сестран нов пенаст материјал кој го направија истражувачи од Универзитетот Џорџија може значително да ги наали инфекциите поврзани со здравството, а се предизвикани од вградени медицински уреди, како ии значително да го подобри чостењето на морињата после еколошки катастрофи како што е излевањето нафта.

Порозната тридимензионална пена е водоотпорна, што значи дека е отпорна на крв, микроби и протеини, додека исто така има антимикробни својства и свотсва на одвојување на нафтата и водата. Нејзината сестраност, функционалноста и релативно ниските тропоци за производство може да ја направат корисна и за докторите и за експертите за грижа за животната средина.

- Advertisement -

Новиот материјал, кој тимот го разви под водство на професорот Хитепа Ханде, се состои од матрица од полидиметилсилоксан (PDMS), која е зајакната со графенски наноплочи и антибактериски микрочестички на бакар. Тие на пената и ја даваат грубата порозна структура, која е хидрофобна (одбива вода) и олефилна (впива нафта).

Кога сунѓери направени од тој материјал би се ставиле во вода загадена со нафта, тие би ја апсорбирале нафтата, а не би ја впиле водата. Откако апсорбираната нафта ќе биде отстранета од пената, сунѓерите можат повторно да се користат за да се исчисти повеќе нафта.

- Advertisement -

Откриено е дека сунжерите впиваат и други неполарни течности кои ја загадуваат водата, како што се хлороформ, хлороводородна киселина и други органски загадувачи, оставајќи само вода зад себе. А благодарение на присуството на микрочестички на бакар, сите бактерии кои би дошле во контакт со пенара се убиени.

Имајќи ја на ум таа функционалност, научниците предвидуваат дека во иднина тенки слоеви од материјалот ќе се нанесеуваат на медицински импланти. Пената тогаш би можела да ги намали шансите за инфекција не само со убивање на бактериите, туку и со одбивање на течностите како што е крвта.

- Advertisement -

Како дополнителен бонус, графенските наноплочи во пената ја прават електропроводлива и дополнително ја зголемуваат потенцијалната употреба.

Истражувањето е објавено во списанието ACS Applied Materials & Interfaces.

(Vidi.hr)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -