Во наредните 5 години во светот секоj час ќе се додаваат по 70.000 соларни панели

- Advertisement -

Се очекува во текот на наредните неколку години соларниот капацитет на земјата да се зголемува за по 70.000 соларни панели секој час, што е доволно за да се покријат 1.000 фудбалски игралишта секој ден. Се проценува дека глобалниот соларен капацитет ќе се зголеми трипати до 2022 година, а тоа ќе биде главно резултат на побарувачката во Кина и на постојаниот пад на цената на соларните панели, пишува Светскиот економски форум.

Според Интернационалната асоцијација за енергија, фотоволтаичната соларна моќ растела побрзо од кое било друго гориво во текот на 2016 година и во наредните четири години ќе биде додаден многу поголем капацитет на соларна енергија отколку кој било друг извор на обновлива енергија, вклучувајќи го и ветерот и хидроенергијата.

- Advertisement -

Се очекува дека 40% од новите соларни панели кои ќе се додаваат до 2022 година да бидат во Кина, иако земјата веќе ги надмина своите таргети за соларна енергија до 2020 година. Грижата поради лошиот квалитет на воздухот и фактот дека во Кина се наоѓаат речиси 2/3 од инсталираните соларни панели во светот ќе ја поттикнат земјата да го зголеми соларниот капацитет на 320 GW до 2022 година, што е повеќе од вкупниот електричен капацитет на цела Јапонија.

Покрај Кина, од Интернационалната асоцијација за енергија очекуваат подобрувања на регулативите за соларна енергија во други земји како Индија, Јапонија и САД, па токму затоа глобалниот соларен капацитет до 2022 година ќе се искачи на 880 GW. Дотогаш вкупното учество на обновливите извори на енергија ќе се искачи на 43%, што е еднакво на половина од глобалниот капацитет на јагленот како извор на енергија.

Сподели!
- Advertisement -