Создаден хибриден ориз кој во себе содржи говедско месо

- Advertisement -

Веќе може да се купи месо одгледано во лабораторија, а сега постои и месо кое е лабораториски одгледано во ориз. Меѓународни истраувачи, под водство на научник од корејскиот Универзитет Јонсеи, развија хибридно говедско месо во ориз, за кое велат дека може да биде храна од иднината богата со протеини.

За да го постигнат тоа зеле мускулни и масни матични клетки од крава и ги пресадиле во зрна ориз, затоа што велат дека порозната природа на оризот дава простор за раст на матичните клетки во оризот во Петриев сад.

- Advertisement -

После 9-11 дена оризот станал безбеден употреблив прехранбен производ, кој содржел 8% повеќе протеини и 7% повеќе маст од обичниот ориз. Истражувачите велат дека создавањето ан оваа хибридна храна создава помалку стакленички гасови отколку традиционалното одгледување говедско месо, а хранат богата со белковини како оваа во иднина ќе помогне во исхраната во ситуации кога тешко се наоѓа храна, како што се долготрајните мисии до Марс.

Хибридниот ориз е ароматичен и хранлив производ кој откако ќе се комерцијализира, ќе може да биде попристапна протеинска алтернатива со помал карбонски отпечаток.

- Advertisement -

Зрната ориз се порозни и имаат организирана структура, што претставва цврста основа за сместување клетки од животинско потекло во пукнатините и празнините. Одредени молекули кои се наоѓаат во оризот исто така можат да го хранат растот на животинските клетки, па затоа оризот е идеална платформа.

Истражувачите хибридниот ориз го зготивле на пареа и направиле различни анализи за хранливата вредност, мирисот и тесктурата. Резултатите покажале дека хибридниот ориз има 7% повеќе масти од обичниот. Во споредба со вообичаено лепливата и мека текстура, хибридниот ориз бил цврст и кршлив.

- Advertisement -

Се проценува дека на секои 100 гр произведени протеини хибридниот ориз испупта помалку од 6,27 кг CO2, додека говедското испушта 49,89 кг.

Истражувањето е објавено во списанието Matter.

(Vidi.hr)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -