Клучни фактори за успешна кампања за групно финансирање

- Advertisement -

Кампањата за групно финансирање, всушност, ви овозможува да го видите интересот кој го побудува вашиот производ, да добиете фидбек и подобро да го развиете пред конечното лансирање. Доколку кампањата е успешна, тоа значи дека веќе сте изградиле корисничка база

Групното финансирање не е само за собирање пари. Кампањата за групно финансирање, всушност, ви овозможува да го видите интересот кој го побудува вашиот производ, да добиете фидбек и подобро да го развиете пред конечното лансирање. Доколку кампањата е успешна, тоа значи дека веќе сте изградиле корисничка база затоа што луѓето кои ја поддржале кампањата веројатно ќе сакаат да го купат производот по лансирањето. Токму затоа од суштинско значење е да направите добро осмислена кампања за групно финансирање. Еве некои совети како да го псотигнете тоа.

1. Мудро изберете ја платформата
Истражете и изберете ја платформата која одговара за вашиот производ и ги задоволува вашите потреби. Има многу познати платформи кои најмногу се користат, но тоа значи и дека таму има стотици или илјадници проекти. Токму затоа потешко ќе ве забележат таму. Затоа попаметно би било кампањата да ја направите на помала специјализирана платформа.

- Advertisement -

2. Имајте прототип, не само идеја
Идејата не е доволна затоа што многумина имаат добри идеи. Битниот дел е идејата да ја првторите  во реалност. Покажете им на сите дека сте вложиле време и енергија во идејата. Дизајнирајте го, развијте го и тестирајте го прототипот. Прототипот ќе им покаже на луѓето дека можат да инвестираат во вашата иновација  за да ја доразвиете.

3. Начинот на кој презентирате е многу битен
Не треба само да ставите PPT презентација или досадно видео. Комбинирајте ги и двете. Рљаскажете ја својата приказна и испратете лична порака. Поврзете се со луѓето и објаснете им зошто го правите тоа за да се почувствуваат како дел од нешто поголемо и возбудливо. Овидете се да допрете до луѓето со својата приказна. Како резултат на тоа тие ќе добијат причина да ве поддржат.

- Advertisement -

4. Известувајте ги поддржувачите за сите новости
Комуницирајте со поддржувачите и одговорете на сите прашања што ги имаат. Исто така, доколку позитивно коментираат за производот, не заборавајте да се заблагодарите. Обидете се да бидете активни на социјалните медиуми, испраќајте имејлови со благодарност или вести за да знаат што се случува. Известувајте ги за тоа како напредува проектот и кои се плановите за лансриање.

(Entrepreneur)

Сподели!
- Advertisement -