28 C
Skopje
понеделник, август 10, 2020

Седиштето на Bloomberg во Лондон е најодржливата канцелариска зграда во светот

UAKS desktop

Новото европско седиште на Bloomberg во Лондон доби оценка 98,5% според рангирањето на одржливоста BREEAM и е најодржливата канцелариска зграда во светот. Зградата е заеднички проект на Foster + Partners и користи 73% помалку вода и 35% помалку енергија од една типична канцелариска зграда. Иновативните технологии за птедење енергија се интегрирани во зградата од преубавите и мултифункционални панели на таваните до бронзените капаци за заштита од сонцето.

Од дизајнот до изградбата одржливоста е главна тема на Bloomberg European HQ. Во текот на шестгодишниот период на изградба 95% од отпадот е рециклиран благодарение на реупотребливоста на структурните делови и уникатниот систем за менаџирање со отпад. Новата лондонска зграда е една од вкупно 34 згради на Bloomberg со сертификат LEED или BREEAM.

Највпечатлив елемент за штедење енергија на зградата се околу 4.000 интегрирани панели во таваните кои комбинираат греење, ладење, осветлување и акустика. Половина милион ЛЕД светилки се поставени во панелите, кои трошат 40% помалку енергија од типичен флуоресцентен систем за осветлување канцеларии. Металните делови на панелите користат ладна вода за разладување и намалување на потрошувачката на енергија.

Комбинираниот центар за генерирање топлина и енергија поставен во зградата ефикасно заштедува 500  до 700 метрички тони јаглерод диоксид годишно. Соларните панели на покривот обезбедуваат дополнителна енергија. За природно ладење на зградата фасадата е опремена со 117 големи бронзени капаци кои се отворат и се затвораат и вршат природна вентилација. Паметтни сензори го прилагодуваат протокот на воздух во зависност од бројот на луѓе во канцелариите. Дождовната вода, водата која се користи за разладување и релативно чистата вода од тоалетите и кујните се чува, се обработува и се рециклира за повторна употреба во тоалетите.

(Inhabitat)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •