Сопственикот на H&M инвестираше во српско-шведскиот стартап dibhotel.com

- Advertisement -

DibHotel има оригинална понуда која им овозможува на своите гости хотелската соба да ја платат за 30-65% поевтино отколку во другите хотели.

Во Србија хотелите во просек се пополнети помалку од 40% од капацитетот што значи дека 60% од капацитетите остануваат неискористени. Слична ситуација има и во останатите земји.

Од друга страна пак, хотелите плаќаат астрономски провизии на посредници преку кои ги продаваат своите соби, а резултатот е безмалку ист.

- Advertisement -

DibHotel ја менува ситуацијава со тоа што хотелите преку нивниот сервис можат да ги понудат собите на оние кои би понудиле пониска цена. Хотелот не сака јавно да понуди пониска цена бидејќи така би го нарушил својот бренд и во иднина тешко би ги нудел своите соби по нормалната цена. Токму за ова се грижи DibHotel – хотелите да ги изнајмат своите слободни соби заштитувајќи го својот бренд.

Со оваа идеја, во 2015 година, Даниел Васиљевиќ и Тимоти Ванелтиновиц основале  стартап кој истата година бил прогласен за стартап со најдобра бизнис идеја на натпреварот Venture Cup во Шведска.

- Advertisement -

На dibhotel.com вие не го бирате хотелот во кој сакате да престојувате, туку само квалитетот на хотелот, па откако системот ќе ви даде понуда, вие бирате и ја испраќањето понудата со дадената цена. Вашата понуда сервисот ја праќа на неколку хотели кои имаат слободни соби и првиот хотел што ќе ја прифати вашата понуда ќе стане хотелот каде што ќе престојувате.

„Им даваме на нашите корисници моќ сами да ја одредат цената која сакаат да ја платат, а хотелите сами ги бираат понудите што сакаат да ги прифатат. Нашата амбиција е да станеме систем за резервација на хотели кој ќе носи најмногу корист и на двете страни – и на гостите и на хотелите“, вели директорот на сервисот за Балканот, Дарко Миладиновиќ.

- Advertisement -

За потенцијалот на идејата сведочи и фактот што меѓу инвеститорите во стартапот е и сопственикот на компанијата H&M, Карл Јохан Персон.

Хотелот не мора да плаќа висока провизија за посредник кој ќе го промовира хотелот, едноставно може вам да ви понуди пониска цена.

„Хотелските соби се специфичен „производ“ на пазарот. Она што нема да биде продадено денес, останува засекогаш пропуштена можност за заработка за хотелот. Ние им овозможуваме на хотелите да ги искористат сите можности на пазарот, а при тоа да си го зачуваат угледот на брендот“, вели основачот Васиљевиќ.

DibHotel веќе се користи ширум Европа што значи дека вредноста на сервисот е веќе препозната и од хотелите и од гостите.

(B92)

Сподели!
- Advertisement -