Се реализираше првиот лет на авион со гориво направено од семе од сенф

- Advertisement -

Првиот авион ској користи биогориво леташе од САД до Австралија. Guardian пренесува дека биогоривото кое го користел авионот е мешавина од 10% индустриско семе од сенф. Употребата на ова гориво за време на летот заштедила околу 18.000 килограми  емисија на јаглерод диоксид, пишува Inhabitat.

Од компанијата која го направи летот, Qantas, велат дека еден ваков лет од САД до Австралија има за 80% помала емисија на јаглерод во споредба со традиционалните летови. Индустриската сорта сенф може да се одгледува на почва која е оставена да мирува, односно меѓу редовни посеви и не мора да се наводнува.

- Advertisement -

Извршиот директор на компанијата која стои зад сортата сенф, Agrisoma, Стив Фабијански, вели дека сенфот кој тие го произведуваат освен што дава масло за биогориво и протеини за исхрана на животните, во почвата испушта хранливи материи и ја прави поплодна. Издробените зрна може да се користат како високопротеинска храна за стоката, за живината итн.

Од еден хектар вакво семе од сенф може да се добијат 2.000 литри масло, од кои може да се добијат 40 литри биогориво и 1.400 литри т.н. обновлив дизел. Според досегашните тестирања, на овој сенф му одговара климата во Австралија.

Сподели!
- Advertisement -