„Таа цел ја постигнување со новиот начин на пчеларење. Инвенцијата на новата кошничка Ел хаив, таа е прва македонска кошница со која пчелите стануваа посилни и нивниот генетски материјал им овозможува нивните генерации пчели полесно да се псрават со предаторите и климатските промени“, вели Елена Фиданоска од Macedonian Honey.

Со помош на стартапот, тие ќе ги едуцираат пчеларите и ќе поттикнуваат производство на 100 отсто чист планински мед, без антибиотици или други вештачки материјали. Фиданоска и нејзиниот тим создадоа и платформа која ќе служи како интернационална станица за пчели каде поединци и фирми ќе се сретнат и ќе соработуваат за заштита на природата.

„Во Македонија пчеларењето е повеќе кон комерцијално насочено, пчеларите повеќе нормално го гледаат медот како основа за нивна егзистенција, е сега ние решивме наопаку да ја завртиме работата, затоа што ако имаме силни пчели, ќе имаме и мед“, вели таа.

На пазарот постојат веќе три години и за тоа време се соочиле со речиси сите предизвици што ги има секоја помала стартап компанија – од бирократски пречки, до достапност на фондови. Но, нивната упорност ги мотивира да продолжат напред.

„Многу работи се речени во врска со водењето бизнис кај нас. Но, една преовладува во сите теории, тоа е упорноста. Навистина човек мора да биде посветен на идејата, да направи компомис со своите вредности кои ги вградил во работата и парите не се главен мотив, барем кај нас, туку пасијата и убедувањето дека со тоа ќе направите промена и може да го смените светот“, вели Фиданоска.