Кинеските власти развија технологија која ги препознава луѓето по начинот на одење

- Advertisement -

Eден од начините на кои може да се измамат камерите за надзор кои препознаваат лице е да се избегнува да се покаже лицето. Но, во Кина повеќе не може ни со прекривање на лицето да се спасите од надзорните камери затоа што во земјара почна да се применува технологија која луѓето може да ги препознае по начинот на одење и по обликот на телото.

Овој осфтвер, базриан на big data и вештачка интелигенција, полицијата го користи на улиците во Пекинг и Шангај и луѓето може да ги препознае на оддалеченост и до 50 метри, дури и кога се свртени со грбот кон камерата, што е голема предност во однос на технологијата за препознавање лице.

- Advertisement -

За препознавање на луѓето не е потребна никаква сорбаотка на луѓето кои сакаат да препознаат некого и полицијата и софтврот не може да се прелаже со куцање, промена на начинот на одење и слично затоа што како што велат од компанијата која го развива системот, Watrix Huang Yongzhen, тој го анализира целото тело и неговите специфики, а не само одредени елементи на начинот на одење.

Оваа технологија не ја истражуваат, односно не ја развиваат само Кинезите уку со години на неа работат и научници од САД, Велика Британија и Јапонија. Софтверот ја издвојува силуетата на луѓето од видеото и за тоа не се потребни посебни, туку класични камери. Потоа го анализира изгледот и движењата и создава модел од начинот на одење, а софтверот уште не работи во реално време туку треба да се внесе снимено видео во системот, а анализата на видеео долго еден час трае десет минути.

- Advertisement -

Во Кина, каде што приватноста не е најбитната работа во светот и ситиуацијата со затштитата на личните податоци е поинаква отколку во Европа или САД, полицијата развива национален систем од камери кои ќе следат се што се случува по градовите и ќе може да ги препознава луѓето на снимките.

Сподели!
- Advertisement -